N4776871075
Будни мамы ❤️
Тут про #бьюти #рецепты #путешествия Между нами девочками.
Сотр-во: @smarta2018 -отвечаю лично
паблик в Вк https://vk.com/iren_berman
Perfluence
@TgPodbor_bot
Last updated hace 3 semanas, 1 día
Nº 4870070732
Блогер 3,3 ?
?????????▫️??????▫️???????▫️
Амбассадор женственности и гармонии
Здесь ухаживают за собой
Путешествуют
Шепчутся о женском?
Сотрудничество ✍? @miramaxi
Last updated hace 2 meses, 1 semana
реклама/сотрудничество @dmitriadmin
Канал 18+
Last updated hace 5 días, 21 horas
- Југо-Источна Азија - продолжување на трговската, технолошката и економската војна против НР Кина. Расширување на односите со Индија и Филипини до стратешки, со цел блокирање на НР Кина.
САД ќе продолжат со развојот на QUAD и AUKUS кои што се насочени против НР Кина. Трамп ќе се обиде да преговара со Северна Кореја, но неуспешно.
- Блиски Исток - Израел пред се. Голема е веројатноста од заедничка анериканско-израелска воена операција против Иран и Јемен. Нови жестоки санкции против Иран. Обновување на односите и партнерството со Саудиска Арабија и со ОАЕ
- Јужна Америка - санкции и притисок против Венецуела и Куба. Главна цел ќе биде Венецуела и уривање на Мадуро. Поддршка за Аргентина и Мили, како и за Чиле и Колумбија
Доктрината на Трамп: Мир со посредство на сила
Make America great again - Враќањето на Трамп во Белата Куќа значи враќање на real политиката и конфронтацијата помеѓу големите сили на преден план. Трамп ќе ја користи воената сила на САД за достигнување на националните интереси на САД и задржување на лидерството на САД во светот.
Изјавите на Трамп поврзани со надворешната политика на САД треба да се прифаќаат со доза на скептицизам. Трамп како бизнисмен намерно оди со максимални барања за да добие некои отстапки и поволности.
Надворешната политика на САД секогаш се базирала на националниот егоизам и прагматизам. Креирањето на надворешната политика на САД зависи пред се од внатрешната политика и ситуација во САД. Трамп има чисти 2 години да се обиде да ја спроведе својата надворешна програма, но при тоа ќе биде постојано опструиран на внатрешен план од демократите, дел од републиканците и од длабоката држава. А во 2026 години Трамп го чекаат избори во Сенатот, и според традицијата во САД, на изборите во Сенатот скоро секогаш победува партијата која што ги изгубила претседателските избори.
Но едно е сигурно, Трамп ќе се обиде користејќи ја воената, политичката, економската, технолошката моќ на САД да издејствува пред се подобри трговски договори за САД со државите од Западниот свет и оние што орбитираат на Запад, се со цел да го забави падот на моќта и влијанието на САД во светот.
Да одиме по ред:
- никаков договор и поделба на сфера на влијание помеѓу САД, НР Кина и Русија нема да има. Трамп ќе се обиде да го зачува глобалното водство на САД кое е во опаѓање. Ќе продолжи конфронтацијата во различни сфери помеѓу двете светски супер сили, САД и НР Кина. Тој судир ќе го одбележи 21 век
- сојузниците на САД треба да плаќаат повеќе за безбедноста која им ја обезбедува САД. Тоа се однесува на Јапонија, Германија, Јужна Кореја и Тајван. Тоа што не му успеа во првиот мандат, Трамп ќе се обиде да го оствари во вториот
- мир во Украина за еден ден - невозможна мисија. Конфликтот во Украина е многу подлабок и посериозен отколку што многумина мислат. Можно е корејско сценарио во 2025, замрзнување на конфликтот според сегашната борбена линија на земја, но тоа не ги решава причините и проблемите кои доведоа до војната. Замрзнување на конфликтот значи незадоволна Русија и Украина, и голема можност од нова војна во блиска иднина. Нема враќање на границите на НАТО од 1997 година. Санкциите против Русија ќе останат. Ќе продолжи јакнењето на НАТО во Источна Европа, пред се за сметка на зголемувањето на воената моќ на Полска, и разместување на воени контингенти на НАТО на Балтикот и во Романија
- влегување на Канада, Панама и Гренланд во составот на САД, со кои што САД ќе станат најголема држава во светот, и ќе имаат контрола над некои од најважните територии и поморски рути во светот е невозможна мисија. Народите во Панама, Канада и Гренланд се против тоа, плус голем број на сојузници на САД. Тоа ќе значи уривање на целиот Западен поредок, вредности и се останато. Можно е САД да добијат отстапки кога е во прашање Гренланд и Панама, за создавање на нови воени бази и разместување на додатни контингенти војници, авиони и бродови
- 5% од БДП да трошат земјите членки на НАТО. Тоа е невозможна мисија. Зошто?
Во првиот мандат Трамп се обиде да ги принуди државите членки на НАТО да трошат 2% од БДП за одбрана. Во 2025 година, не сите држави, меѓу кои големи и клучни држави во НАТО, не трошат 2% од БДП за одбрана. Но европските држави ќе купуваат се повеќе и повеќе оружје и воена опрема од САД
- Европа - нови трговски договори поволни за САД, со цел намалување на трговскиот дефицит. Европа ќе купува се повеќе нафта и гас од САД, како и други стоки и услуги. Европа е зависна од САД во секој поглед
- Северна Америка - Трамп ќе се обиде преку притисок и зависноста на Мексико и Канада од американската економија, да склучи нови поволни трговски договори за намалување на трговскиот дефицит на САД
Зошто на Турција и е потребна океанска флота?
Турската морнарица најави почеток на изградба на носач на авиони, разурнувач и подморница кои се национални проекти и се гордост на Турција.
Неодамна, во Турција започна изградбата на три главни бродови од нови типов - носачот на авиони MUGEM, разурнувачот TF-2000 AAW и ненуклеарната подморница MILDEN. Првите церемонии за сечење челик за носачот на авиони MUGEM и разурнувачот ТФ-2000 беа одржани во поморското бродоградилиште во Истанбул, додека првата церемонија на сечење челик за подморницата MILDEN беше одржана во поморското бродоградилиште Голчук. Носачот на авиони MUGEM е наменет да стане најмоќниот брод на турската морнарица.
Новиот турски носач на авиони со депласман од 60 000 тони ќе биде целосно изграден во земјата, во потег да ја покаже самодоволноста на Турција. Така, заедно со САД, Кина, Франција, Велика Британија, Индија, Јапонија, Шпанија и Италија, ќе биде меѓу првите десет земји кои можат да дизајнираат и изработуваат носачи на авиони. Турција, исто така, ќе биде меѓу првите десет земји кои имаат носачи на авиони во нивните морнарици.
Амбициите на Турција да изгради носач на авиони се совпаѓаат со нејзината поширока цел да проектира моќ во регионот и пошироко. Турската војска веќе оперира надвор од нејзините граници, со војници стационирани во места како Катар, Сомалија, Ирак, Либија и Сирија. Разурнувачите ТФ-2000 ќе бидат способни да откриваат наведувани проектили со краток/среден/долг дострел и балистички проектили на ниски/средни/високи надморски височини, како и да уништуваат балистички и небалистички ракети.
Разорувачите TF-2000 се планира да имаат депласман од 8.300 тони, што ги прави најголемите бродови изградени во рамките на програмата MILGEM. Првично, програмата MILGEM предвидуваше изградба на 12 корвети од класата ADA за турската морнарица, но потоа беше одлучено следните четири бродови од овој тип во програмата да се заменат со поголеми единици, чиј развој започна во Турција - четири фрегати од проектот TF-100 (MILGEM-G) и четири уште поголеми разурнувачи (уништувачи за воздушна одбрана) од проектот TF-2000 (подоцна бројот на планирани бродови од проектот TF-2000 се зголеми на седум).
Платформата MİLDEN ќе биде големо достигнување за турската одбранбена индустрија, прикажувајќи ги најсовремените технологии заедно со сопствените капацитети на Турција. Подморницата, долга повеќе од 80 метри, ќе има депласман од околу 2.700 тони, што ќе ја направи најголемата во турската морнарица. Подморницата ќе биде опремена со погонски систем независен од воздух, што значително ќе го зголеми нејзиниот скришум и опсег на крстарење.
Изградбата на турската океанска флота е дел од доктрината „Сина татковина“. Доктрината "Сина татковина" претставува сеопфатен план за да се реализираат барањата на модерната Турција на копно и на море и да и се дозволи да го врати влијанието во пошироките географски области во кои историски доминира Отоманската империја.
Колапс на српската одбранбена стратегија: Србија принудена да ги раскине претходно потпишаните договори за купување руско оружје. Кина, Франција и Израел се новите стратешки партнери на Србија во одбранбената сфера.
Санкциите наметнати од западните земји против Руската Федерација не дозволуваат Белград да добие руско оружје, па Србија е принудена да ги раскине претходно склучените договори. Ова го изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.
Поради западните санкции против руската воена индустрија, и покрај склучените договори, Србија не ги доби до крај нарачаните борбени хеликоптери Ми-35 и Ми-17, како и ПВО системите Панцир СМ-1, системите за радио-електронско војување Красуха 2 и Репелент, и против-тенковските системи Корнет.
Во 2024 година, до помош на една арапска држава, Србија успеа да добие дел од нарачаните системи за радио-електронско војување Красуха 2 и Репелент. Но борбените хеликоптери, како и ПВО системите Србија не ги доби, поради што Србија беше приморана да купи хеликоптери од Ербас, како и половни борбени хеликоптери Ми-35 од Кипар, плус ПВО системи од НР Кина.
Како резултат на западните санкции, Русија ја изгуби Србија како надежен купувач и корисник на руско/советско оружје.
Бидејќи Русија повеќе не е клучниот сојузник за Србија во воено-техничката сфера, Србија се одлучи НР Кина, Франција и Израел да бидат клучни сојузници. Во текот на 2024 година Србија склучи договори за купување на оружје од овие држави во висина од неколку милијарди долари.
1 јaнуaри 1959 гoд. ревoлуциoнерните oдреди нa движењетo 26 јули пoбедoнoснo вмaрширaa вo Хaвaнa, Кубa.
Сo тoј чин беше oзнaчен крaјoт нa Кубaнскaтa Ревoлуцијa. Диктaтoрoт Бaтистa зaеднo сo свoите нaјблиски сoрaбoтници и сo 300 милиoни тoгaшни aмерикaнски $ избегa oд Кубa.
Успехoт нa Кубaнскaтa Ревoлуцијa дoведе дo тектoнски пoместувaњa вo светoт, и дo нoв ревoлуциoнен брaн ширум светoт, кoј штo дoведе дo oслoбoдувaње нa гoлем брoј држaви oд третиoт свет.
А се зaпoчнa кoгa 82 млaди ревoлуциoнери предвoдени oд хaризмaтичните Фидел Кaстрo, Че Гевaрa и Кaмилo се впуштијa вo нaизглед невoзмoжнa мисијa која што до темел го потресе светот. Но нивната верба беше непоколеблива ...
Демонстрација на воена и технолошка моќ
Во НР Кина за само неколку дена, во чест на Роденденот на Мао Цел Тунг, на кинеската и на светската јавност и беа демонстрирани и покажани два нови невидливи (стелт) борбени авиони од шеста генерација, едниот Ј-36 или ЈН-36 со сериски број 36011 од компанијатa Chengdu Aircraft Corporation (CAC), а другиот од компанијата “Shenyang Aircraft Corporation SAC. И двата авиони се дизајнирани во облик на летачко крило, односно немаат други хоризонтални или вертикални површини, што значително ја подобрува нивната невидливост (стелт). Двата авиони се веројатно прототипи и фактот дека тие веќе летаат укажува на тоа дека тие би можеле да почнат да се произведуваат за неколку години.
Покажана е и нова верзија на кинески AWACS, авион летачки радар за набљудување и контрола на воздушниот простор КЈ-3000.
Беа демонстрирани и две беспилотни летала, едно AWACS за набљудување и контрола на воздушниот простор WZ-9, како и борбен дрон Гунцзи-11.
Во Шангај беше спуштен на вода најмодерен и најголем амфибиски брод Сичујан од класата Туре-076. Се работи за брод со тонажа од повеќе од 40 000 тони кој ќе може да носи и борбени авиони, односно ќе биде лесен носач на авиони.
НР Кина денес е пионер и лидер во многу воени сфери.
N4776871075
Будни мамы ❤️
Тут про #бьюти #рецепты #путешествия Между нами девочками.
Сотр-во: @smarta2018 -отвечаю лично
паблик в Вк https://vk.com/iren_berman
Perfluence
@TgPodbor_bot
Last updated hace 3 semanas, 1 día
Nº 4870070732
Блогер 3,3 ?
?????????▫️??????▫️???????▫️
Амбассадор женственности и гармонии
Здесь ухаживают за собой
Путешествуют
Шепчутся о женском?
Сотрудничество ✍? @miramaxi
Last updated hace 2 meses, 1 semana
реклама/сотрудничество @dmitriadmin
Канал 18+
Last updated hace 5 días, 21 horas